Закон за полиција
Како се нарекуваат сознанијата кои врз основа на криминалистичко знаење и полициско искуство може да се оценат како доказ за сторено кривично дело ?
Основано сомневање
Основи на сомневање
Верзии
Полицијата е должна да изврши проверка на наводите во претставката која ја поднело лице врз кое биле применети полициски овластувања и кое смета дека му се повредени неговите слободи и права во рок од :
30 дена од приемот на претставката
15 дена од приемот на претставката
90 дена од приемот на претсавката
Решение за наплата на трошоците за укажување на помош (асистенција) донесува:
Министерот за внатрешни работи
Командир на Полициска станица
Директорот на Бирото за јавна безбедност
Началникот на регионалниот центар за гранични работи за својата работа непосредно е одговорен на :
Директорот на Бирото за јавна безбедност
Директорот на управата за безбедност и контраразузнување
Началникот на Сектор за внатрешни работи
Кој го назначува и разрешува началникот на Секторот за внатрешни работи, од редот на вработените во транспарентна постапка?
Министерот за внатрешни работи
Директорот на Бирото за јавна безбедност
Советот на општината каде што е сместен Секторот за внатрешни работи
Организациска единица за сузбивање на организиран криминал и тешки кривични дела, надлежна е да постапува за кривични дела кои по својата природа се транснационални и за кои е пропишана казна затвор од најмалку:
5 години
10 години
4 години
Кој го именува и разрешува Директорот на бирото за јавна безбедност, на предлог од Министерот?
Владата на Република Македонија
Собранието на Република Македонија
Советот за безбедност на Република Македонија
Каков надзор извршува на Бирото за јавна безбедност врз работата на Полицијата ?
посебен надзор
стручен надзор
посреден надзор
Во кој случај се распишува потерница ?
за пронаоѓање на лице за кое постојат основи на сомневање дека е сторител на кривично дело или прекршок
за пронаоѓање на лице за кое е издадена наредба за приведување согласно закон
за пронаоѓање на исчезнато лице
Лични податоци што се однесуваат исклучиво на расно потекло, верско убедување, сексуално однесување, или полоитичко мислење, припадност на определени движење или организација формирани согласно закон, како и други посебни категории на лични податоци утврдени со посебен Закон:
можат да се собираат од страна на Полицијата без никакви ограничувања
во никој случај не можат да се собираат од страна на Полицијата
можат да се собираат од страна на Полицијата, по исклучок кога тоа е неопходно за определна истрага
Лице лишено од слобода кое го испорачал странски орган на безбедноста заради спроведување до надлежен државен орган, може да се задржи најмногу:
24 часа
12 часа
6 часа
Основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на средство за присилба во почетно секој конкретен случај ја оценува:
непосредниот раководен полициски службеник
Народниот првобранител на Р. Македонија
јавниот обвинител
Употреба на физичка сила претставува:
употреба на легитимен, соодветен и пропорционален физички и механички притисок, со примена на средства и на начин пропишани со закон, насочени спрема одредено лие од страна на полицискиот службеник, само во случај кога полициските работи на друг начин не можат да бидат извршени
употреба на различни зафати, боречки вештини или на нив слични постапки врз телото на друго лице, кои имаат за цел одбивање на напад , спречување на бегство на лице или совладување на отпорот на тоа лице
употреба на гумена палка
Пукање во воздух заради сигнализација, барање на помош и застрашување:
се смета за употреба на огнено оружје
не се смета за употреба на огнено оружје
се сметаа за употреба на пиротехничко-експлозивно средство
Мерки за прикриено полициско дејствување се: засилено прикриено набљудување и:
криминалистички надзор на јавни места
разузнувачки надзор на јавни места
оперативен надзор на јавни места
Штрајк во Полицијата во воена и вонредна состојба е :
забранет
дозволен
дозволен, но не може да учествуваат повеќе од 10 % од вкупниот број на полициски службеници на Министерството и штрајкот не може да трае подолго од три дена
Дали смеат да учествуваат на партиски активности и манифестации полициски службеници во униформа на Полицијата ?
не смеат да учествуваат во никој случај
смеат да учествуваат без никакви ограничувања
не смеат да учествуваат, освен ако не се на извршување на службени задачи
Полицискиот службеник во случај на несреќа при работа:
е осигуран од страна на Министерството за внатрешни работи
сам/а си ги покрива трошоците за лекување
е осигуран од дополнителен здравствен фонд
Министерот за внатрешни работи може да одлучи да повика припадници на резервниот состав на Полицијата за вршење на полициски работи:
при нарушен јавен ред и мир од помал обем
за време на воена или вонредна состојба
при одржување на јавни собири и мирни протести
Од страна на која институција се носат подзаконски прописи за начинот на стекнување на звањата и ознаките на полициските службеници, за униформата и ознаките на униформата на Полицијата, личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, како и видот на вооружувањето и опремата на полициските службеници ?
Владата на Р. Македонија
Собранието на Р. Македонија
Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија
{"name":"Закон за полиција", "url":"https://www.quiz-maker.com/Q44K6T4","txt":"Како се нарекуваат сознанијата кои врз основа на криминалистичко знаење и полициско искуство може да се оценат како доказ за сторено кривично дело ?, Полицијата е должна да изврши проверка на наводите во претставката која ја поднело лице врз кое биле применети полициски овластувања и кое смета дека му се повредени неговите слободи и права во рок од :, Решение за наплата на трошоците за укажување на помош (асистенција) донесува:","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}