Управна постапка 41 - 82
41. Што мора да содржи жалба на управниот акт?
A) конкретен предлог за постапување на органот кој одлучува по жалбата
б) прилози кон жалбата во најмалку три примероци
в) управниот акт што се побива или за кој странката поднела барање, но не добила одговор од јавниот орган, го наведува органот надлежен за донесувањето или пропуштањето на актот и причините поради коишто странката не е задоволна со управниот акт или неговото пропуштање
42. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој....
A) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен
б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена
в) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена
43. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?
A) првостепениот орган
б) второстепениот орган
в) писарницата на Управниот суд
44. Недопуштената, ненавремената или жалбата изјавена од неовластено лице, органот во прв степен ќе ја отфрли со...
A) управен акт
б) заклучок
в) одлука
45. При одлучување по жалба во управната постапка, второстепениот орган може ...
A) да ја одбие жалбата, или да ја уважи жалбата и да го поништи првостепениот управен акт во целост или делумно, или да го измени управниот акт
б) да ја одбие жалбата или да го поништи управниот акт
в) да го укине управниот акт во целост
46. Ако во постапката по жалба во управната постапка, второстениот орган утврди дека првостепениот управен акт го донел ненадлежен орган....
A) ќе го поништи тој управен акт по службена должност и предметот ќе му го достави на надлежниот орган на решавање
б) ќе го укине тој управен акт
в) ќе одлучи мериторно по жалбата
47. Ако странката се откаже од поднесената жалба, управната постапка во втор степен се запира со...
A) известување
б) управен акт
в) записник
48. Кој го доставува управниот акт донесен во втор степен во управната постапка до странката?
A) првостепениот орган
б) второстепениот орган
в) Државниот управен инспекторат
49. Ако јавниот орган утврди дека барањето за повторување на постапката е основано, тој соодветно ќе го измени или поништи побиваниот управен акт со нов управен акт. Во спротивно, јавниот орган ќе го отфрли барањето со управен акт.
True
False
50. Против управниот акт донесен во управна постапка, вo втор степен не е допуштаена жалба.
True
False
51. Кога второстепениот орган ќе утврди дека првостепениот орган не го донел управниот акт во законскиот рок,...
A) да го реши предметот
б) тој треба да му наложи на првостепениот орган да донесе управен акт и да одреди рок за тоа од најмногу 30 дена по приемот на налогот
в) да ја запре постапката
52. Управниот акт против кој може да се поведе управен спор...
A) станува конечен во рок од 15 дена од денот на приемот
б) е конечен во упрaвна постапка
в) не е конечен во управната постапка
53. Управниот акт станува правосилен доколку странката...
A) се откаже од правото на жалба
б) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
в) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган
54. Кога е во прашање преземање на исклучително итни мерки, со цел обезбедување на јавниот мир и безбедност или заради отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на луѓето или за имотот, надлежниот јавен орган може да донесе и устен управен акт...
True
False
55. Управниот акт ги содржи следните делови:
A) вовед, диспозитив, образложение, правна поука, потпис од овластеното службено лице и печат
б) вовед диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот
в) вовед, диспозитив, и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, попис на службеното лице и печат на органот
56. Јавниот орган што го донел управниот акт ...
A) може во рок од шест месеци да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или неговите заверени преписи ги исправа со нов управен акт
б) може во секое време да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи
в) не може да врши исправки на грешките во управниот акт
57. За усна расправа или за друго поважно дејствие во управната постапка, како и за поважни усни изјави на странките или на трети лица во постапката ...
A) се составува записник
б) се составува службена белешка
в) се потготвува управен акт
58. Постапката по жалбата на второстепениот орган треба да се заврши без одлагање ...
A) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
б) најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган
в) најдоцна во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
59. Со поништувањето на управниот акт донесен во управна постапка...
A) не се поништуваат правните последици што ги произвел таквиот управен акт
б) се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт
в) правните последици што ги произвел таквиот управен акт остануваат
60. Со укинување на управниот акт донесен во управна постапка...
A) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од управниот акт
б) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
в) не се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
61. Упраниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...
A) во прв степен
б) во втор степен кој станал правосилен
в) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка
62. Инспекциски надзор над спроведување на Законот за општата управна постапка врши...
A) Министерството за информатичко општество и администрација
б) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
в) Државниот управен инспекторат
63. Во управната постапка, јавниот орган постапува преку....
A) функционерот
б) било кое службено лице
в) овластеното службено лице назначено во согласност со правилата наведени во закон
64. Ако не е определено со посебен закон или подзаконски акт, функционерот кој раководи со јавниот орган, односно раководното лице е должно со....
A) со актот за организација да определи организациона единица надлежна за секој вид на управна работа во негова надлежност
б) со управен акт да овласти службено лице
в) со одлука да овласти службено лице
65. Управните спорови во Република Македонија ги решаваат:
а) Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија
б) Управниот суд и Вишиот управен суд
в) Управниот суд и основните судови со проширена надлежност
66. По предметите за донесување на времена мерка во управните спорови судот одлучува во рок од
A) 15 дена
б) 7 дена
в) 3 дена
67. Бројот на судии во Управниот суд се определува со:
A) Одлука на министерот за правда
б) Закон
в) Одлука на Судскиот совет на Република Македонија
68. Во втор степен Вишиот управен суд одлучува:
A) во совет од пет судии
б) судија поединец
в) во совет од тројца судии
69. Управен спор се поведува:
A) жалба
б) тужба
в) тужба или жалба
70. Тужба за поведување управен спор се поднесува во рок од:
A) 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
б) 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
в) 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
71. Ако тужбата е поднесена ненавремено, Управниот суд ќе ја отфрли со:
A) решение
б) заклучок
в) одлука
72. Против одлука на Управниот суд може да се изјави жалба во рок од:
A) 15 дена
б) 8 дена
в) 30 дена
73. Против одлука на судот донесена по тужба за повторување на постапката, барање за заштита на законитоста може да поднесе:
A) Државниот правобранител на Република Македонија
б) Јавниот обвинител на Република Македонија
в) Јавниот обвинител во основно јавно обвинителство
74. По барање за заштита на законитоста одлучува:
A) Вишиот управен суд
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Судскиот совет на Република Македонија
75. Во управните спорови судот одлучува за:
A) уставноста и законитоста на актите и за управната работа
б) уставноста и законитоста на актите и за надомест на штета
в) законитоста на актите и управната работа
76. Ако актот кој се оспорува не е управен акт, Управниот суд ќе ја..
A) одбие тужбата со решение
б) отфрли тужбата со заклучок
в) отфрли тужбата со решение
77. Во случај на откажување на тужителот од тужбата до донесување на одлука, Управниот суд...
A) Со заклучок ќе ја запре постапката
б) ќе донесе пресуда
в) со решение ќе ја запре постапката
78. Кога со управен акт или со управен договор се повредени законот или јавниот интерес, управен спор може да поведе:
A) Државното правобранителство на Република Македонија
б) Јавниот обвинител на Република Македонија
в) Народниот правобранител
79. Во управен спор се одлучува за:
A) именување, назанчување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон
б) именување, назанчување и разрешување на раководни јавни службеници
в) права од работен однос на државните и јавните службеници
80. Со пресуда со која се поништува оспорениот управен акт, во однос на надоместокот на штета, судот ќе го упати тужителот своето барање да го оствари во:
A) кривична постапка
б) парнична постапка
в) управен спор пред повисок суд
81. За повторување на постапката одлучува:
A) совет од тројца судии
б) совет од петмина судии
в) судија поединец
82. По тужба за повторување на постапка одлучува:
A) Врховниот суд на Република Македонија
б) повисокиот суд
в) Судот пред кој е завршена постапката
{"name":"Управна постапка 41 - 82", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"41. Што мора да содржи жалба на управниот акт?, 42. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој...., 43. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}