Устав на РСМ – средно и високо

Што од наведеното не претставува темелна вредност на Уставот на Република Македонија?
владеење на правото
слобода на пазар и претприемништво
физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени
Во кој рок лицето лишено од слобода мора да биде изведено пред суд?
веднаш, а најдоцна 24 часа од моментот на лишувањето од слобода
веднаш, а најдоцна 48 часа од моментото на лишувањето од слобода
веднаш, а најдоцна 3 дена од моментото на лишувањето од слобода
Притвор до подигнување на обвинение, по одлука на суд може да трае најдолго
60 дена од денот на притворувањето
30 дена од денот на притворувањето
180 дена од денот на притворувањето
Законите и другите прописи пред да влезат во сила се објавуваат во:
Собранието на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Советот за радиодифузија
Кои од следните права не се економски, социјални и културни права загарантирани со Уставот на Република Македонија?
граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор
на секој граѓанин му се гарантира право на здравствена заштита
се гарантира слобода на говор, јавниот настап, јавно информирање и слободно основање на институции за јавно информирање
Народната банка на Република Македонија е емисиона банка која е:
емисиона банка која е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиакта кон странство
емисиона банка која за својата работа е одговорна пред Владата на Република Македонија
емисиона банка која за својата работа е одговорна пред Собранието на Република Македонија
Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните:
0 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието
60 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 90 дена од денот на распуштање на Собранието
120 дена од денот на распуштање на Собранието
На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку:
три години
шест месеци
пет години
Кои од наведените се надлежности на Собранието на Република Македонија?
да избира Влада на Република Македонија, избира судии на Уставен суд на Република Македонија, врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции
да избира Влада на Република Македонија, избира судии на Управен суд на Република Македонија, врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон
да врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон
Кои се надлежности на Народниот правобранител?
да ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од полицијата
да ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања
да ги штити законските права на граѓаните секогаш кога им се повредени
Кој може да предложи кандидат за претседател на Републиката?
најмалку 150.000 избирачи
најмалку 100.000 избирачи или најмалку 30 пратеници
најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници
Кој го сочинува Советот за безбедност на Република Македонија?
претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката
претседателот на Републиката претседателот на Собранието, претседателот на Владата
претседателот на Републиката, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката
Што од наведеното претставува надлежност на Владата на Република Македонија?
предлага закони, републички буџет, просторен план на Републиката, одлучува за признавање на држави и влади, ратификува меѓународни договори
предлага закони, републички буџет, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите во странство
предлага закони, републички буџет, просторен план на Републиката, одлучува за признавање на држави и влади, предлага јавен обвинител по претходно мислење од Совет на јавни обвинители
Кога се разрешува Судија?
поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и поради нестручно и несовесно вршење на судиска функција под услови утврдени со закон
ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години
ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција
За што одлучува Судскиот совет на Република Македонија?
дисциплинска одговорност на судиите и одземање на имунитет на судиите
само за дисциплинска одговорност на судиите
предлага судии во Основните судови, Апелационите судови и Врховен суд
Кој ги избира Јавните обвинители?
Собранието
Совет на јавни обвинители
Претседателот на Републиката
Колку судии го сочинуваат Уставниот суд?
девет судии
15 судии
пет судии
Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со:
колективен договор
меѓународните договори
Уставот
За која од наведените надлежности ја има Уставниот суд на Република Македонија?
не одлучува за одговорноста на Јавниот Обвинител и Владата
одлучува за одговорноста на Претседателот на Републиката и Владата
одлучува за одговорноста на Претседателот на Републиката
Дали меѓународните договори можат или неможат да се менуваат?
меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон
меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и можат да се менуваат со закон
меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и можат да се менуваат со одлука на Влада
0
{"name":"Устав на РСМ – средно и високо", "url":"https://www.quiz-maker.com/QB6MUTZ","txt":"Што од наведеното не претставува темелна вредност на Уставот на Република Македонија?, Во кој рок лицето лишено од слобода мора да биде изведено пред суд?, Притвор до подигнување на обвинение, по одлука на суд може да трае најдолго","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
Powered by: Quiz Maker