Устав На РСМ

Кој е највисок правен акт на една држава?
Закон
Устав
Колективен Договор
Дали Уставот на Република Македонија содржи преамбула?
Да
Не
Делумно
Што претставува Република Македонија согласно член 1 од Уставот?
суверена, самостојна, демократска и социјална држава
суверена, самостојна и социјална држава
суверена, самостојна и демократска држава
Кои се државни симболи на Република Македонија?
грб, знаме, химна и химна на Организацијата на Обединети Нации
грб, знаме, химна и химна на Европска Унија
грб, знаме и химна
Како е уредена употребата на службен јазик и писмо согласно амандман V од Уставот на Република Македонија
на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така е службен јазик и неговото писмо.
на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е само македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.
на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и јазикот на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија и нивното писмо.
Како се поделени основните слободи и права на човекот и граѓанинот согласно Уставот на Република Македонија?
граѓански и политички слободи и права, економски, социјални и културни права, гаранции на основни слободи и права и основи на екононмските односи
граѓански и политички слободи и права, економски, социјални и културни права
гаранции на основни слободи и права и основи на екононмските односи
Во кој случај на граѓанинот може да му биде ограничена слободата?
со одлука на јавен обвинител
со одлука на суд и во постапка спроведена од полицијата
со одлука на суд и во случаи и постапка утврдена со закон
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со
кривична пријава
правосилна судска одлука
обвинителен акт
Согласно Уставот на Република Македонија, граѓаните што можат слободно да основаат?
здруженија на граѓани и политички партии
здруженија на граѓани, политички партии и полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија
политички партии и здруженија кои повикуваат на воена агресија
Дали лицата на кои им е одземена деловната способност имаат избирачко право?
имаат избирачко право
немаат избирачко право
старателот гласа место нив
Дали Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници ?
Не
само доколку на заедниците припаѓаат 20% од граѓаните
Да
На која власт е носител Собранието на Република Македонија како претставнички орган?
извршната власт
законодавната власт
судската власт
Колку пратеници го сочинуваат Собранието на Република Македонија?
Од 120 до 140 пратеници
100 пратеници
150 пратеници
Колку трае мандатот на пратениците во Собранието на Република Македонија?
Пет години
Четири години
Шест години
Колку избирачи треба да поднесат предлог за Собранието да распише референдум?
најмалку 150.000 избирачи
најмалку 10.000 избирачи
најмалку 100.000 избирачи
Кој го избира Претседателот на Собранието на Република Македонија?
Претседателот на Владата
Претседателот на Република Македонија
Собранието од редот на пратениците
Kој е врховен командант на вооружените сили на Република Македонија?
Претседателот на Републиката
Министерот за одбрана
Министерот за внатрешни работи
За време од колку години се избира Претседателот на Република Македонија?
шест години
четири години
пет години
Кои сè услови треба да ги исполнува кандидатот за Претседател на Република Македонија?
да е државјанин на Република Македонија, кој на денот на изборите наполнил најмалку 40 години живот, кој на денот на изборите најмалку десет години во последните 15 години бил жител на Република Македонија
да е државјанин на Република Македонија и кој на денот на изборите наполнил најмалку 40 години живот
лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот, кој на денот на изборите најмалку десет години во последните 15 гидни бил жител на Република Македонија
Кој ја извршува функцијата Претседател на Републиката во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката?
претседателот на Владата
претседателот на Собранието
народниот правобранител
Кој е Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија?
Претседателот на Владата
Претседателот на Републиката
Претседателот на Собранието
На која власт е носител Владата на Република Македонија?
извршната власт
законодавната власт
судската власт
Кој ја сочинува Владата?
министри
претседател и министри
пратеници и министри
Кој ги избира и разрешува судиите и поротниците?
Уставниот суд
Врховниот суд
Судскиот совет
Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој:
ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела
ги гони сторителите на кривични дела и пријавува кривични дела по претходно сознание
обезбедува владеење на правото
Што штити Уставниот суд на Република Македонија?
целокупниот судски систем
уставноста и законитоста
уставноста и законитоста и владеењето на правото
Кој ги избира судиите Уставниот суд на Република Макеоднија?
Собранието
Републичкиот судски совет
Владата
Кои се единици на локалната самоуправа?
месните заедници
општините и Градот Скопје
општините и населбите
Кога настапува воена сосотојба?
кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или и е објавена војна
кога Републиката е нападната или и е објавена војна
кога во Републиката е прогласена елементарна непогода
Кога настапува вонредна сосотојба?
кога настанала елементарна непогода
кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии
кога претстои непосредна воена опасност
0
{"name":"Устав На РСМ", "url":"https://www.quiz-maker.com/QCW432R","txt":"Кој е највисок правен акт на една држава?, Дали Уставот на Република Македонија содржи преамбула?, Што претставува Република Македонија согласно член 1 од Уставот?","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
Powered by: Quiz Maker