Локална самоуправа 81-119
81. Урбаните, односно месните заедници разгледуваат прашања, заземаат ставови и изготвуваат предлози за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје
True
False
82. Какви видови на заштита на локалната самоуправа постојат?
а) заштита на уставната положба и судска заштита на општината
б) заштита на уставната положба и административни заштита на општината
в) административна и судска заштита на општината
83. Советот и Градоначалникот може пред Уставниот суд на Република Македонија да поднесат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на општите акти на министерствата и другите органи на државната управа со кои се нарушува уставната положба и правата на општината утврдени со Уставот и законите
а) да
б) не
84. Во општините службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото кои го користат најмалку 20% од жителите на општината
True
False
85. Под меѓуопштинска соработка се подразбира и вршење на определени работи од надлежност на општините од страна на една општина за сметка на една или повеќе други општини, врз основа на склучен договор
True
False
86. За остварување на заеднички интереси и цели преку здружување финансиски, материјални и други средства, општините воспоставуваат меѓуопштинска соработка. Кој носи одлука за воспоставување на соработката?
а) секој од советите на општините со мнозинство гласови од вкупниот број членови
б) Министерството за локална самоуправа
в) секој од градоначалниците на општините
87. Кој може да покрене предлог, односно иницијатива за воспоставување на меѓуопштинска соработка?
а) Градоначалникот на општината, член на советот на општината и најмалку 10% од избирачите на општината
б) Градоначалникот на општината, член на советот на општината и општинската администрација
в) Градоначалникот на општината, член на советот на општината и најмалку 20% од избирачите
88. Кој одлучува за предлогот, односно за иницијативата за воспоставување на меѓуопштинска соработка?
а) Советот на општината
б) Градоначалникот
в) граѓаните на референдум
89. Кој ги подготвува предлогот на актот за воспоставување на меѓуопштинската соработка и предлозите на актите со кои се основаат или формираат облиците преку кои ќе се остварува меѓуопштинската соработка?
а) Заедничката комисија
б) Советите на општините
в) Кабинетите на градоначалниците
90. На кој начин се остварува меѓуопштинската соработка?
а) преку формирање на тела за меѓуопштинска соработка, основање на заеднички јавни служби и склучување договори
б) преку специјална постапка за ко- одлучување на советите на општините
в) преку формирање на тела за меѓуопштинска соработка и основање на заеднички јавни служби
91. Заедничко административно тело можат да формираат две или повеќе општини, во согласност со Законот за локалната самоуправа, при што меѓусебните права и обврски се уредуваат со:
а) договор
б) правилник
в) меморандум за соработка
92. На кој начин се финансира заедничкото административно тело на општините?
а) пропорционално на видот и обемот на работите од надлежност на секоја општина, доколку општините поинаку не се договорат
б) општините подеднакво ги делат трошоците, доколку општините поинаку не се договорат
в) пропорционално на бројот на вработените од секоја општина во заедничкото административно тело, доколку општините поинаку не се договорат
93. На кој начин се основа заедничко јавно претпријатие?
а) со одлука донесена од советите на општините основачи, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот на секоја општина
б) со договор склучен помеѓу градоначалниците на општините основачи
в) со договор склучен помеѓу градоначалниците на општините основачи, по добиено мислење од советите на секоја општина
94. Кој дава согласност на актите донесени од заедничкото јавно претпријатие?
а) советите на општините основачи
б) Советот на општината која има поголем, односно најголем број корисници на јавните услуги
в) градоначалниците на општините основачи
95. Заедничка јавна установа се основа за вршење на дејност од јавен интерес од локално значење во областа на образованието, културата, социјалната заштита, детската заштита и други дејности определени со закон
True
False
96. За вршење на определени работи од надлежност на општините од страна на една општина за сметка на една или повеќе други општини се склучува договор помеѓу градоначалниците, по претходно донесени одлуки од страна на советите на општините.
True
False
97. Општините можат да здружуваат финансиски, материјални и други средства за реализација на заеднички проекти во вршењето на своите надлежности, за што градоначалниците склучуваат договор по претходно ...
а) донесени одлуки на советите на општините
б) добиено мислење од Министерството за финансии
в) добиена согласност од Министерството за локална самоуправа
98. Од што се финансира меѓуопштинската соработка?
а) од буџетите на општините, донации и спонзорства од физички и правни лица и други извори на приходи утврдени со закон
б) од буџетите на општините и буџетот на планскиот регион
в) од буџетите на општините и од самопридонес на граѓаните
99. Кој води евиденција за воспоставената меѓуопштинска соработка?
а) Министерство за локална самоуправа
б) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
в) Министерство за финансии
100. Кој врши надзор над воспоставената меѓуопштинска соработка?
а) Министерство за локална самоуправа
б) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
в) Општините кои ја воспоставиле меѓуопштинската соработка
101. Каде се објавуваат актите за меѓуопштинска соработка, доколку поинаку не е определено со закон?
а) во Службен весник на Република Македонија
б) во Службен гласник на општините кои ја воспоставиле меѓуопштинската соработка
в) на веб страната на Министерството за локална самоуправа
102. Кои се целите на политиката за поттикнување на рамномерен регионален развој?
а) рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони, како и зголемување на конкурентноста на планските региони
б) рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, како и унапредување на процесот на децентрализација
в) рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата, како и поттикнување на меѓуопштинската соработка
103. За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализацијата на мерките и инструментите за поттикнување рамномерен регионален развој се воспоставуваат плански региони. Кој ги утврдува планските региони?
а) Владата на Република Македонија со акт
б) Собранието на Република Македонија со закон
в) Министерството за локална самоуправа со правилник
104. За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализација на специфични мерки и инструменти за поттикнување рамномерен регионален развој се определуваат подрачја со специфични развојни потреби. Притоа, Владата на Република Македонија донесува листа на подрачја со специфични развојни потреби на предлог на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија.
True
False
105. Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи. Плански документи за регионален развој се:
а) Стратегијата за регионален развој на Република Македонија и Програмата за развој на планскиот регион
б) Стратегијата за регионален развој на Република Македонија и Просторниот план на Република Македонија
в) Стратегијата за регионален развој на Република Македонија и Методологијата за изработка на планските документи
106. Програмата за развој на планскиот регион се донесува за период од пет години. Притоа, таа се изработува одделно за секој плански регион, во согласност со Стратегијата и програмските документи за интеграција на Република Македонија во Европската унија
а) да
б) не
107. Кој ја изработува Програмата за развој на планскиот регион ?
а) Центарот за развој на планскиот регион
б) Советот за развој на планскиот регион
в) Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија
108. Носители на политиката за поттикнување рамномерниот регионален развој се:
а) Владата на Република Македонија , Министерството за локална самоуправа, Советот за рамномерен регионален развој и Советот за развој на планскиот регион
б) Владата на Република Македонија, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој
в) Владата на Република Македонија, Министерството за локална самоуправа и Советот за рамномерен регионален развој
109. Владата на Република Македонија формира Совет за рамномерен регионален развој на Република Македонија
True
False
110. Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион
а) да
б) не
111. Кои се членовите на Советот за развој на планскиот регион?
а) градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион
б) градоначалниците и претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион
112. Центар за развој на планскиот регион се основа за секој плански регион. Кој го основа?
а) Единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион
б) Бирото за регионален развој
в) Министерството за локална самоуправа
113. За поттикнување на рамномерниот регионален развој од Буџетот на Република Македонија годишно се издвојуваат средства во висина од:
а) најмалку 1% од БДП
б) најмалку 2% од БДП
в) најмалку 5 % од БДП
114. Средствата за поттикнување рамномерен регионален развој ги распределува Владата на Република Македонија, и тоа според следниот сооднос: 70% за финансирање на проекти за развој на планските региони, 20% за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и 10% за финансирање на проекти за развој на селата
True
False
115. Средствата за финансирање на проекти за развој на планските региони, се распределуваат по плански региони согласно со:
а) класификацијата на планските региони според степенот на развиеност
б) потребите и годишните приоритети на планскиот регион
в) квалитетот на понудените проекти
116. За доделување на средствата за финансирање на проекти за развој на подрачјата за специфични развојни потреби, кој објавува јавен повик за прибирање на предлог -проекти?
а) Бирото за регионален развој
б) Министерството за локална самоуправа
в) Советот за рамномерен регионален развој
117. Кој донесува одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, подрачјата со специфични развојни потреби и на селата?
а) Владата на Република Македонија
б) Бирото за регионален развој
в) Министерството за локална самоуправа
118. Кој врши надзор над примената на одредбите на Законот за рамномерен регионален развој?
а) Министерството за локална самоуправа
б) Бирото за регионален развој
в) Државниот управен инспекторат
119. Кој врши финансиска контрола над материјално - финансиското работење на Бирото и центрите за развој на планските региони?
а) Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија
б) Министерството за локална самоуправа
в) Бирото за регионален развој и Државниот управен инспекторат
{"name":"Локална самоуправа 81-119", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"81. Урбаните, односно месните заедници разгледуваат прашања, заземаат ставови и изготвуваат предлози за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје, 82. Какви видови на заштита на локалната самоуправа постојат?, 83. Советот и Градоначалникот може пред Уставниот суд на Република Македонија да поднесат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на општите акти на министерствата и другите органи на државната управа со кои се нарушува уставната положба и правата на општината утврдени со Уставот и законите","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}