101-120

101. Слободата на пазарот и претприемништвото е темелна вредност гарантирана со:
а) Уставот на Република Македонија
б) Закон
в) подзаконски акти
102. Слободата на пазарот и претприемништвото претставува темелна вредност на:
а) законскиот поредок
б) уставниот поредок
в) Уставниот суд на Република Македонија
103. Економските права, како основни слободи и права на човекот и граѓанинот може да се ограничат само:
а) во случаи утврдени со Уставот на Република Македонија
б) со закон
в) со подзаконски акти
104. Економските, социјалните и културните права се:
а) уставна категорија во Република Македонија
б) судска категорија
в) собраниска категорија
105. Правото на сопственост како уставна категорија, создава права и обврски и треба да служи за доброто:
а) на поединецот
б) на заедницата
в) на поединецот и на заедницата
106. Во случај на експропријација на сопственоста:
а) се гарантира надомест
б) не се гарантира надомест
в) не се гарантира праведен надомест
107. Во случај на експропријација на сопственоста, се гарантира праведен надомест:
а) кој е произволен
б) кој не може да биде понизок од пазарната вредност
в) кој може да биде понизок од пазарната вредност
108. Странско лице во Република Македонија:
а) може да стекнува право на сопственост под негови услови
б) може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон
в) не може да стекнува право на сопственост
109. Право на соодветна заработувачка има:
а) секој невработен
б) секој вработен
в) секој вработен по навршување на 6 месеци работа
110. Данок е должен да плаќа:
а) само вработен граѓанин
б) само невработен граѓанин кој има имот
в) секој граѓанин
111. Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните...?
а) немаат право да основаат синдикати
б) имаат право да основаат синдикати
в) имаат забрана со закон да основаат синдикати
112. Дали Република Македонија обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот?
а) да
б) не, само на одредени субјекти
в) не, воопшто не обезбедува
113. На странските вложувачи, правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката:
а) им се гарантира
а) им се гарантира
в) им е ограничено
114. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал:
а) може да се ограничуваат со закон
б) може да се намалуваат со закон
в) не може да се намалуваат со закон или друг пропис
115. Народната банка на Република Македонија е одговорна за:
а) фискалната политика
б) монетарната политика
в) извршната политика
116. Републичкиот буџет го донесува:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерството за финансии
117. Републичкиот буџет го предлага:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерството за финансии
118. Кој ја предлага одлуката за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување?
а) Собранието на Република Македонија
б) Судот
в) Владата на Република Македонија
119. Општините се финансираат од:
а) сопствени извори на приходи определени со закон
б) со средства од Република Македонија
в) сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Република Македонија
120. Градот Скопје се финансира од:
а) сопствени извори на приходи определени со закон
б) со средства од Републиката
в) сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката
0
{"name":"101-120", "url":"https://www.quiz-maker.com/QM30ILT","txt":"101. Слободата на пазарот и претприемништвото е темелна вредност гарантирана со:, 102. Слободата на пазарот и претприемништвото претставува темелна вредност на:, 103. Економските права, како основни слободи и права на човекот и граѓанинот може да се ограничат само:","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
Powered by: Quiz Maker