Административни службеници 51 - 100
51. Интерниот оглас институцијата може да го повтори пред:
а) да се спроведе интервјуто
б) да се донесе одлука за избор
в) да се донесе одлука за објавување јавен оглас
52. Административниот службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува врз основа на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници
True
False
53. Обуките за стручно усовршување на административни службеници можат да бидат:
а) општи и посебни
б) индивидуални и колективни
в) генерички и специјализирани
54. Генеричките обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:
а) генерално усовршување на административните службеници во согласност со утврдениот распоред
б) стручно усовршување на административните службеници во согласност со рамката на општи компетенции
в) групно усовршување на административните службеници во согласност со Годишниот план за обука
55. Специјализираните обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:
а) оспособување на административните службеници за извршување специјални работи и работни задачи надвор од описот на работното место
б) оспособување на административните службеници за извршување посебни должности и овластувања
в) стручно усовршување на административните службеници во однос на посебните компетенции
56. Меѓусебните права и обврски на институцијата и на административниот службеник кој е упатен на специјализирана обука за потребите на институцијата се уредуваат со ...
а) писмен налог во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
б) писмен договор во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
в) решение во кое се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум
57. Раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар е должно за секој административен службеник во институцијата да избере:
а) најмалку пет генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување
б) најмногу пет генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување
в) најмногу три генерички обуки годишно и истите да ги внесе во неговиот индивидуален план за стручно усовршување
58. Годишната програма на генерички обуки за административни службеници ја донесува:
а) Директорот на Агенцијата за администрација
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
59. Обука за административно управување се предвидува за:
а) административни службеници на работни места на нивоа Б3 и Б4
б) административни службеници на работни места на нивото В1
в) административни службеници на работно место на сите нивоа А
60. Испитот за административно управување е стручен испит и истиот, во согласност со закон, е посебен услов за унапредување на:
а) приправник
б) административен службеник на пробна работа
в) административен службеник на работно место од категоријата Б
61. Испитот за административно управување го организира и спроведува:
а) Агенцијата за администрација во соработка со институциите
б) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за образование и наука
62. Испитот за административно управување, како стручен испит, се состои од:
а) полагање теоретски и практичен дел
б) полагање тест и интервју
в) полагање општ и поединечен дел
63. Менторството како метод на пренесување на знаења и вештини меѓу административните службеници може да биде:
а) писмено или усно
б) организирано во форма на обука од надворешни предавачи
в) советодавно или практично
64. Кои услови треба да ги исполнува административен службеник за да може да биде назначен за ментор:
а) да завршил високо образование и обука за ментор
б) да е распореден на исто работно места како и менторираниот и да има завршено обука за ментор
в) да е распореден на работно место на повисоко ниво од административниот службеник кој е менториран и да има завршено обука за ментор
65. Регистарот на ментори на административните службеници го води:
а) Министерството за образование и наука
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Менторскиот совет
66. Системот за управување со ефектот на административните службеници се состои од:
а) воспоставување професионални релации меѓу административни службеници - раководители и административни службеници- извршители
б) утврдување на работните цели и задачи и на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на административниот службеник
в) определување на правила за давање наредби од страна на административни службеници - раководители и извршување на наредби од страна на административни службеници - извршители
67. Работните цели и задачи на административниот службеник се утврдуваат од страна на:
а) претпоставениот административен службеник во соработка со административниот службеник на крајот на постапката на оценување на работните достигнувања во декември во тековната година за наредната
б) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар
в) Колегиумот на раководните лица во институцијата
68. Во индивидуалниот план кој се подготвува за стручно усовршување на административен службеник се утврдува:
а) потребата од дополнително стручно образование заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции
б) потребата за стручно усовршување на административниот службеник заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции
в) планот за полагање стручни испити во календарската година
69. Полугодишното интервју, како дел од процесот на континуирано следење на ефектот на административниот службеник од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, се спроведува:
а) два пати во тек на годината
б) еднаш во годината
в) на секои шест месеци
70. Постапката за подобрување на ефектот од работењето на административен службеник вклучува:
а) дополнителни обуки или менторство и писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
б) упатување на дополнително образование, без писмена опомена и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
в) поведување на дисциплинска постапка и изрекување на суспензија и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект
71. Кога во извештајот за полугодишното интервју се утврди дека административниот службеник покажал незадоволителни резултати, му се изрекува:
а) писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект и обврска за дополнителни обуки и менторство
б) казна во висина од 20% од просечната плата која му е исплатена во претходната година
в) решение за престанок на работниот однос
72. Оценувањето на административните службеници се спроведува:
а) повремено
б) по договор
в) задолжително
73. Оценувањето на административните службеници задолжително се спроведува од страна на непосредно претпоставениот административен службеник:
а) два пати во текот на годината
б) еднаш во годината
в) на секои три месеци
74. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на оценките на:
а) раководното лице на институцијата
б) непосредно претпоставениот административен службеник, на четири други административни службеници во институцијата и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка
в) непосредно претпоставениот административен службеник и на двајца други административни службеници во институцијата, а со кои администртивниот службеник има непосредна соработка
75. Работата на административниот службеник, во однос на квалитетот, ефективноста и ефикасноста во работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување на утврдените работни цели и задачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализација на стратешкиот план за стручно усовршување и однесувањето на административниот службеник, имајќи го предвид и извештајот од полугодишното интервју, може да биде оценета од страна на оценувачот:
а) со оценка "А", "Б", "В", "Г" или "Д"
б) со оценка "1", "2", "3", "4" или "5"
в) со оценка "особено се истакнува", " се истакнува", "задоволува", "делумно задоволува" или "не задоволува"
76. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на:
а) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65% и оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 35%
б) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка која учествува со 35%
в) оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 65% и оценката на министерот за информатичко општество и администрација која учествува со 35%
77. Против постапката за оценување незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до:
а) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници
б) Државниот управен инспекторат
в) Државниот инспекторат за труд
78. Оценувањето на административниот службеник, кој во текот на годината за која се врши оценувањето, преку постапка на мобилност е распореден, односно преземен на друго работно место, го врши:
а) новиот, врз основа на писмен извештај од претходниот оценувач
б) претходниот оценувач
в) Комисија за оценување
79. Годишната оцена на административниот службеник може да биде: „А"- доколку има вредност од 4,51 до 5,00; „Б"-доколку има вредност од 3,51 до 4,50; „В"- доколку има вредност од 2,51 до 3,50; „Г"- доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и „Д"- доколку има вредност од 1,00 до 1,50
True
False
80. Административните службеници, освен оние кои со Изборниот законик се ослободени, се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка, односно попис на населението во Република Македонија
True
False
81. Административниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место
True
False
82. Административниот службеник одговара дисциплински доколку стори повреда на службената должност
True
False
83. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност
True
False
84. Дисциплинската неуредност како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира полесна повреда на работната дисциплина, на работните задачи, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:
True
False
85. Дисциплински престап како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира потешка повреда на службената должност, на работната дисциплина, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:
True
False
86. Незаконитото располагање со материјални и финансиски средства од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
в) дисциплински прекршок
87. Доколку административниот службеник не дојде на работа два работни дена во текот на една календарска година без оправдување, сторува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
88. Доколку административниот службеник злоупотреби лични или доверливи податоци, сторува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
89. Доколку административниот службеник одбие да оди на стручно оспособување и усовршување на кое институцијата во која работи го упатува, сторува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
90. Доколку административниот службеник искажува и застапува политичко уверување во вршењето на работните задачи, учествува во изборни активности или на други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, или го доведува во прашање својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, со носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, сторува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
91. Одбивањето да даде или давањето неточни податоци на институциите, граѓаните или правните лица, во случаи кога давањето податоци е утврдено со закон, за административниот службеник значи извршување на:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
92. Повторувањето на дисциплинската неуредност повеќе пати претставува дисциплински престап:
True
False
93. Злоупотребата на боледувањето од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
94. Внесувањето и употребата на алкохол во работните простории, или работење под дејство на алкохол или наркотични средства од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
95. Доколку административниот службеник не се придржува кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа и на прописите за заштита на животната средина, тоа претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
96. Доколку административниот службеник го поставува личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на административниот службеник, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
97. Доколку административниот службеник како член на изборен орган се вклучи во спречување на избори и на гласање, го повредува избирачкото право на избирачите, ја ограничува слободата на определување на избирачите, врши поткуп при избори, ја повредува тајноста на гласањето, уништува изборни исправи или врши изборна измама, тоа претставува:
а) дисциплински престап
б) дисциплинска неуредност
98. Примањето подароци или друг вид на корист од страна на административниот службеник претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
99. Доколку административниот службеник неоправдано не го извести непосредно претпоставениот административен службеник, секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од три часа, тоа претставува:
а) дисциплинска неуредност
б) дисциплински престап
100. Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: писмена опомена или парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинска неуредност, во траење од еден до три месеци
True
False
{"name":"Административни службеници 51 - 100", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"51. Интерниот оглас институцијата може да го повтори пред:, 52. Административниот службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува врз основа на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници, 53. Обуките за стручно усовршување на административни службеници можат да бидат:","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
More Quizzes
Do you have any recommendations in new papers today?
100
How well do you know Caw Caw?
11613
How White Are You?
191023
CHAINS
10515
Statistic
100
BurnAlong Program Selector
320
HIPPA Compliance Training Presentation 1.0
1050
Pulling Potential: Who Would You Choose?
12628
Legendrko25's Beat a Game (2023) Quiz
1160
Which Disney Princess are You?
940
AST AIR REC
100
Read and identify the given picture
11644