ЗАКОН ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Кој ја сочинува организациската структура на Министерството за внатрешни работи?
Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање
Организациските единици за потребите на Министерството и органите во состав на Министерството
Дипломатско – конзуларните претставништва
Каков статус имаат работниците во Министерството за внатрешни работи?
Само работници, согласно со Законот за работни односи
Овластени службени лица, согласно со Законот за внатрешни работи, административни службеници согласно со Законот за административни службеници и работници согласно со Законот за работните односи
Само административни службеници
Во согласност со кои прописи ги вршат работите и работните задачи работниците во Министерството?
Во согласност со Уставот на Република Македонија, закон, други прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
Во согласност со Законот за надворешни работи
Во согласност со претпоставените
Кој раководи со Бирото за јавна безбедност?
Со Бирото раководи директор, кој се именува и разрешува под услови утврдени со Законот за полиција
Со Бирото раководи началник, кој се именува и разрешува под услови утврдени со Законот за внтрешни работи
Со Бирото раководи помошник на министерот, кој се именува и разрешува под услови утврдени во Колективниот договор на Министерството
На кој принцип се заснова внатрешната организациска поставеност на Управата за безбедност и контраразузнавање?
линиски и територијален принцип
хоризонтален и вертикален принцип
вертикален и територијален принцип
Управата за безбедност и контраразузнавање е надлежна за вршење на внатрешните работи поврзани со:
разузнавање и контраразузнавање
безбедност и контраразузнавање
разузнавање и одбрана
Работите на безбедност и контраразузнавање кои се во надлежност на Управата за безбедност и контраразузнавање се однесуваат на:
разузнавачка активност, спротивставување и заштита од тероризам; заштита од други активности насочени кон загрозување или насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија и потешки форми на организиран криминал кој потекнува од или е насочен кон демократските институции на системот утврдени со Уставот на Република Македонија и може да доведе до нивно загрозување или да има влијание врз безбедноста на државата
заштита од криминални активности насочени кон загрозување на јавната безбедност и организиран криминал кој е насочен кон уривање на фининсискиот систем на државата
контраразузнавачка активност; спротивставување и заштита од тероризам; заштита од други активности насочени кон загрозување или насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија и потешки форми на организиран криминал кој потекнува од или е насочен кон демократските институции на системот утврдени со Уставот на Република Македонија и може да доведе до нивно загрозување или да има влијание врз безбедноста на државата
Кој го именува и разрешува директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање?
Собрание на Република Македонија
Влада на Република Македонија
Министер за внатрешни работи
Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање може да биде разрешен:
по негово барање, кога е осуден за сторено казниво дело на казна затвор од најмалку шест месеца или заради несовесно и нестручно вршење на работата
по негово барање, кога е осуден за сторено казниво дело на казна затвор од најмалку 1 година или заради несовесно и нестручно вршење на работата
само заради несовесно и нестручно вршење на работата
Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање за својата работа одговара пред:
Собрание на Република Македонија и Влада на Република Македонија
министерот за внатрешни работи и Влада на Република Македонија
министерот за внатрешни работи и Претседателот на Република Македонија
При извршување на работните задачи од надлежност на Управата за безбедност и контраразузнавање, собирањето на податоци од граѓани може да се врши:
без претходна согласност на лицето со кое се врши разговорот
само со претходна согласност на лицето со кое се врши разговорот
со дополнителна согласност на лицето со кое се врши разговорот
Контролата на вршењето на работите на Министерството за внатрешни работи се остварува како:
примарна и секундарна контрола
внатрешна и надворешна контрола
рутинска и надворешна контрола
Кој врши внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи?
државниот секретар во Министерството за внатрешни работи кој спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на работник во Министерството
посебна организациска единица за потребите на Министерството која спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на работник во Министерството
министерот за внатрешни работи кој спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на работник во Министерството
Кој врши надворешна контрола на работата на Министерството за внатрешни работи?
Собранието на Република Македонија и Народниот правобранител
Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија
Владата на Република Македонија и Уставниот суд
Каква контрола на работата на Министерството за внатрешни работи врши Народниот правобранител?
внатрешна контрола
надворешна контрола
внатрешна и надворешна контрола
Податоците, известувањата и информациите што Управата ги доставува на Комисијата на Собранието на Република Македонија или изнесени на седница на Комисијата претставуваат:
класифицирани информации
јавни информации
службени информации
Колку пати Комисијата на Собранието до Собранието на Република Македонија доставува извештај за извршената работа?
најмалку два пати годишно
најмалку четири пати годишно
најмалку еднаш годишно
Заклучоците во врска со извештајот на Комисијата на Собранието, Собранието на Република Македонија ги доставува до:
Владата на Република Македонија
Претседателот на Република Македонија
Врховниот суд
На кој начин Собранието на Република Македонија врши контрола, односно надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање?
преку соодветна Комисија
преку група од 10 пратеници
преку Претседателот на Собранието
Во колку категории се класифицираат работните места на работниците во Министерството?
девет категории
седум категории
осум категории
Кои фази ги опфаќа постапката за засновање работен однос во Министерството за внатрешни работи?
Писмено тестирање, психолошко тестирање, интервју и здравствени прегледи
Административна селекција, писмено тестирање, психолошко тестирање, интервју и здравствени прегледи
Само писмено тестирање
Кој ја спроведува обуката во Министерството за внатрешни работи?
Нема обука во Министерството за внатрешни работи
Секој работник сам ја спроведува
Ментор или Центарот за обука
Колку трае обуката за приправник?
три месеци
девет месеци
12 месеци
Колку трае основната обука за полицаец?
12 месеци
девет месеци
шест месеци
Колку трае приправничкиот стаж на полицаец-приправник?
12 месеци
девет месеци
шест месеци
Кои се органи во состав на Министерството за внатрешни работи?
Биро за јавна безбедност и Управа за безбедност и контраразузнавање
Оддел за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси и Оддел за финансиски прашања
Кабинет на министерот и кабинет на државниот секретар
Кои сѐ вработени во Министерството се со статус на овластени службени лица?
Нема такви вработени во Министерството за внатрешни работи
Овластените службени лица за безбедност и контраразузнавање и полициските службеници
Овластените службени лица за вршење стручни работи, овластените службени лица за безбедност и контраразузнавање и полициските службеници
Што претставува Бирото за јавна безбедност?
Орган во состав на Министерството за внатрешни работи кој ги врши полициските работи во Министерството за внатрешни работи и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција
Орган во состав на Министерството за внатрешни работи кој ги врши внатрешните работи поврзани со безбедноста и контраразузнавањето
Бирото за јавна безбедност не е орган во состав на Министерството за внатрешни работи
Министерството за внатрешни издава посебни службени легитимации и значки на:
вработените во Министерството за внатрешни работи со статус на овластени службени лица за вршење стручни работи и на вработените со статус на овластени службени лица за безбедност и контраразузнавање
На административните службеници
На сите вработени во Министерството
Како се остварува контролата на вршење на работите во Министерството за внатрешни работи?
Само внатрешна контрола
Само внатрешна контрола
И двете горенаведени
Кој ја врши надворешната контрола во Министерството за внатрешни работи?
Собранието на Република Македонија и Народниот правобранител
Исклучиво Народниот правобранител
Владата на Република Македонија
Од што е составена Комисијата за селекција при засновање работен однос?
Претседател и секретар записничар
Претседател, најмалку четири члена, секретар и нивни заменици
Претседател и негов заменик
Работникот во текот на целиот работен стаж во Министерството се унапредува:
најмалку за пет платни ранга
најмногу за пет платни ранга
најмалку за десет платни ранга
Одлука за распоредување и унапредување на работниците во Министерството донесуваат посебни комисии за распоредување и унапредување. Кој ги формира комисиите?
ги формира министерот
ги формира Премиерот на Република Македонија
ги формира Претседателот на Република Македонија
Оценување на работник во Министерството се врши врз основа на критериумите што се однесуваат на резултатите од неговата работа, како и личните квалитети што тој ги покажал во текот на работењето. На кои лични квалитети се мисли?
изглед
верска припадност
стручност
Од што се состои платата на работникот во Министерството?
основна и исклучителна компонента
износ на евра во денарска противредност
редовни и вонредни бодови
Кој ја утврдува вредноста на бодот за пресметување на платите на работниците во Министерството?
се утврдува од страна на министерот, во согласност со репрезентативниот синдикат
се утврдува од страна на министерот за финансии
се утврдува од страна на министерот за финансии, по претходна согласност со Премиерот на Република Македонија
Како се утврдува платата на приправник?
Платата на приправник се утврдува во висина од 30% од износот на најниската основна плата што се исплаќа во Министерството за соодветниот вид на образование
Платата на приправник се утврдува во висина од 80% од износот на најниската основна плата што се исплаќа во Министерството за соодветниот вид на образование
Платата на приправник ја утврдува Министерот во согласност со образованието и работниот стаж на приправникот
Дали работник во Министерството е должен да изврши наредба издадена од министерот или од него овластен раководен работник, во врска со извршување на внатрешните работи на Министерството:
должен е да изврши, иако извршувањето на наредбата претставува кривично дело
должен е да изврши, освен ако извршувањето на наредбата претставува кривично дело
должен е да изврши, освен ако има сериозно оправдување за неизвршувањето на наредбата за што ќе прибави соодветни докази најдоцна во рок од 3 дена од издавањето на наредбата
Во однос на тајноста на информациите и податоците, работникот во Министерството е должен:
На сите вработени веднаш да им соопшти за истите
да не ја чува тајноста на информациите и податоците за кои дознал во вршењето или по повод вршењето на внатрешните работи, доколку до истите дошол без наредба од претпоставен работник, односно истите ги прибавил по сопствена иницијатива
да ја чува тајноста на информациите и податоците за кои дознал во вршењето или по повод вршењето на внатрешните работи, а кои согласно закон или пропис донесен врз основа на закон претставуваат личен податок или се определени со соодветен степен на класификација
Кој ги осигурува работниците во Министерството?
Министерот по сопствено убедување може да ги осигури работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување, или губење на работната способност
Само во исклучителни случаи Министерството е должно да ги осигури работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување, или губење на работната способност
Министерството е должно да ги осигури работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување, или губење на работната способност
Согласно одредбите од Законот за внатрешни работи правото на штрајк може да се забрани:
е забрането штрајк во Министерството во летниот период од годината како и за време на државни празници
е неприкосновено и истото неможе да се ограничи во ниту еден случај
е забрането во Министерството во воена, вонредна или кризна состојба
Дали и кога може да се одложи правото на користење на годишен одмор?
Правото на користење на годишен одмор на работникот е утврдено со Уставот на Република Македонија и истото не може да му се прекине во ниту еден случај
Правото на користење на годишен одмор на работникот не може да му се прекине во ниту еден случај само по исклучок кога тоа е утврдено со Уставот на Република Македонија
Кога неодложни потреби на Министерството тоа го бараат, министерот или од него овластен работник може на работникот да му го одложи, односно прекине користењето на годишниот одмор
Што претставува неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година?
полесно кршење на работниот ред и дисциплина
потешко кршење на работниот ред и дисциплина
не претставува кршење на работниот ред и дициплина
Дали може да му се намали платата на работникот кој не ги остварува просечните, односно очекуваните резултати од работата?
може да му се намали платата најмногу до 15 %
може да му се намали платата најмногу до 30 %
не може да му се намали платата
Што може да направи работникот кој не е задоволен од оцената од годишното оценување?
работникот може да поднесе приговор во рок од 8 дена
работникот нема право на приговор
работникот има право на жалба во рој од 15 дена
Дали и кога работник во Министерството може да биде распореден на друго работно место и по негово барање?
заради промена на место на живеење и други оправдани причини
заради замена на привремено отсутен работник
не може да биде распореден на друго работно место по негово барање
До кога трае обврската за чување на тајноста на податоците и информациите кои работникот во Министерството ги дознал во вршењето или по повод вршењето на внатрешните работи, а кои согласно закон или пропис донесен врз основа на закон претставуваат личен податок или се определени со соодветен степен на класификација?
трае до престанокот на работниот однос во Министерството
трае и по престанокот на работниот однос во Министерството
трае до престанокот на работниот однос само доколку претходно така е утврдено со договорот за вработување на определеното работно место
Дали работник во Министерството на негово барање, а со согласност со министерот има право на неплатено отсуство?
има, во времетраење од најмногу 4 години, поради стручно усовршување кое не е финансирано од страна на Министерството
има, во времетраење од најмногу две години, поради стручно усовршување кое не е финансирано од страна на Министерството
има, во времетраење од најмалку една години, поради стручно усовршување кое не е финансирано од страна на Министерството
Што ја сочинува основната компонента на платата?
Основна плата
основна плата, зголемување за 20%, односно за 30% за овластени службени лица и додаток за кариера
додаток за работна успешност,работен додаток на плата и вонреден работен додаток на плата (прекувремена работа)
0
{"name":"ЗАКОН ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ", "url":"https://www.quiz-maker.com/QV14A03","txt":"Кој ја сочинува организациската структура на Министерството за внатрешни работи?, Каков статус имаат работниците во Министерството за внатрешни работи?, Во согласност со кои прописи ги вршат работите и работните задачи работниците во Министерството?","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
Powered by: Quiz Maker