Управна постапка 1 - 40

1. Управни работи претставуваат...
A) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон
б) активностите на Управниот суд
в) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи
2. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку...
A) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
б) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон
в) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон
3. „Јавен орган“ претставуваат...
A) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
б) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
в) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје;
4. „Колегијален орган“ претставува...
A) тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи
б) тело кое е составено од најмалку два членови
5. „Управен акт“ е...
A) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките
б) поединечен акт на јавенорган и на управен суд
в) секој поединечен акт
6. „Странка“ е ...
A) секое физичко
б) физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка,
в) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице;
7. „Управен договор“ е...
A) секој договор што го склучува јавниот орган
б) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон
в) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице
8. „Реален акт“ е...
A) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија
б) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор
в) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција
9. Јавните органи постапуваат во согласност со...
A) законите
б) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
в) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија
10. Во управната постапка, полномошно...
A) може да се даде писмено или усно на записник
б) не може да се даде
в) може да се даде и на надриписар
11. Поднесоците можат да се предадат ....
A) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник и да се поднесат во електронска форма согласно закон
б) по пошта
в) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник
12. Како се потврдува предавањето на писменото во управната постапка?
A) Јавниот орган по службена должност издава потврда, односно доказ за приемот, кој ги вклучува датумот и времето на приемот на поднесокот, предметот на барањето, списокот на приложени документи и роковите за издавање на управниот акт.
б) со доставница која ја потпишува примачот
в) со доставница која ја потпишува било кој возрасен член од семејството на примачот
13. Доставата во управната постапка се врши по пат на:
а) препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно доставување, како и по електронски пат или со официјално објавување.
б) непрепорачана поштенска пратка
в) итна пратка
14. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата...
A) ја врши со јавна објава
б) ја врши преку Министерството за внатрешни работи
в) не ја извршува
15. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен празник и неработен ден кој се празнува , рокот истекува...
A) на првиот нареден работен ден
б) на првиот нареден ден
в) на истиот ден
16. Роковите во управната постапка се сметаат на ...
A) денови, месеци и години може и во часови
б) денови и месеци
в) денови и недели
17. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е ...
A) шест месеци
б) една година
в) три години
г) три месеци
18. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка?
A) до јавниот орган кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие
б) до Управниот суд
в) до Државниот управен инспекторат
19. Кој ја поведува управната постапка?
A) надлежниот јавен орган по службена должност или по повод барање на странката
б) Управниот суд по службена должност
в) Државниот управен инспекторат по барање на странката
20. Барањето за поведување на управна постапка се поднесува на ...
A) образец кој јавниот орган е должен да изготви, а на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето и доказите и податоците кои јавниот орган надлежен за решавање на работата ги прибавува по службена должност.
б) во електронска форма
в) поднесок кој странката самата го подготвува
21. Порамнувањето во управната постапка ...
A) се запишува во записник
б) се врши со донесување на управен акт
в) го врши Управниот суд
22. Порамнувањето во управна постапка мора да биде секогаш јасно и определено и не смее да биде на штета на јавниот интерес или на правниот интерес на трети лица
True
False
23. Странката може да дава изјави усно на записник или во писмена форма во секоја фаза од постапката
True
False
24. Ако во текот на постапката јавниот орган кој ја води управната постапка наиде на претходно прашање, ќе ја прекине постапката додека не се реши претходното прашање и за тоа ја известува странката.
True
False
25. Кога постапката по претходното прашање треба да се поведе на барање од странката, известувањето за прекинот на постапката исто така содржи и упатство за ова барање ...
True
False
26. Исправите издадени од јавен орган на странска држава, кои во земјата каде што се издадени важат како јавни исправи,. ...
A) важат како јавни исправи и во нашата држава
б) важат како јавни исправи и во нашата држава, само во согласност со условите на заемност и ако се прописно заверени
в) важат како јавни исправи во нашата држава ако се прописно заверени
27. Секоја јавна исправа издадена во пропишаната форма од страна на јавен орган во рамките на својата надлежност ...
A) го докажува она што во неа се потврдува или определува
б) не го докажува она што во неа се потврдува или определува
28. На увидот во управната постапка, странките...
A) имаат право да присуствуваат
б) немаат право да присуствуваат
в) не се повикуваат
29. Доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање или службена евиденција води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци ги прибавува:
A) Странката по чие барање е поведена постапката
б) службеното лице кое ја води постапката
в) надлежно е вештото лице
30. Во управната постапка, странкта може да ја поднесе исправата во оригинал или како заверена копија.
True
False
31. Воведот на управниот акт содржи:
A) називот на јавниот орган што го донесува актот, пропис за надлежноста на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката.
б) назив на органот што го донесува управниот акт и пропис за надлежност на тој орган
в) назив на органот што го донесува управниот акт, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на управниот акт
32. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на управниот акт, тоа мора да биде наведено во...
A) диспозитивот
б) правната поука
в) упатството за правно средства
33. Со упатството за правна поука во управниот акт странката ...
A) се известува за редовниот правен лек што може да го користи против управниот акт.
б) се известува дека може да изјави жалба или друга постапка пред суд
в) се известува дека нема право на жалба
34. Кога против управниот акт донесен во управната постапка може да се изјави жалба, во правната поука се наведува:
A) до кого треба да се поднесе правниот лек, во каква форма и кој е рокот за поднесување.
б) во кој рок се поднесува
в) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса
35. Дополнителни елемент на управниот акт се:
A) рок
б) временски рок, услов и налог
в) рок и налог
36. Против управниот акт донесен во прв степен во управната постапка, доколку не е пропишано правото на жалба, странката има право на ...
A) жалба
б) тужба
в) приговор
37. Управниот акт може да содржи еден или повеќе од следните дополнителни елементи.....
A) временски рок, услов и налог
б) временски рок, услов или налог
в) временски рок и налог
38. По барање на странката, јавниот орган кој донел управен акт во усна форма ...
A) не е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
б) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
в) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од петнаесет дена од денот кога е поднесено барањето
39. Странката може да изјави жалба против управниот акт :
A) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен поинаков рок
б) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок
в) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен пократок рок
40. Рокот за жалба за секое лице и за секој орган на кои им се доставува управниот акт донесен во управната постапка се смета...
A) од денот на донесувањето на управниот акт
б) од наредниот ден од денот на доставувањето на управниот акт
в) од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт
{"name":"Управна постапка 1 - 40", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"1. Управни работи претставуваат..., 2. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку..., 3. „Јавен орган“ претставуваат...","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
Powered by: Quiz Maker