Локална самоуправа 1-40
1. Членот на Советот на општината кој ќе го заменува Градоначалникот во случај на негова спреченост или отсуство, го определува:
а) Советот
б) Градоначалникот
в) Секретарот на општинската администрација
2. Единици на локална самоуправа се:
а) општините
б) општините и месните заедници
в) општините, месните и урбани заедници
3. Како се избираат членовите на советот на општините?
а) на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање
б) ги избира градоначалникот по предлог на министерот за локална самоуправа
в) ги избира градоначалникот од редот на стручната администрација на општината
4. Според Законот за локална самоуправа, бројот на членовите на Советот е предвиден да биде 15 во општини со број на жители:
а) од 20001 до 40000
б) од 10001 до 20000 жители
в) 5001 до 10000 жители
5. Членовите на Советот се избираат за време од:
а) 4 години
б) 5 години
в) 6 години
6. Новоизбраните членови на конститутивната седница на советот даваат и потпишуваат:
а) свечена изјава
б) свечена заклетва
в) свечена одлука
7. Кој го донесува Правилникот за систематизација на работни места на општинската администрација?
а) Советот на општината
б) Раководителот на сектор
в) Градоначалникот
8. Симболи на општината се:
а) грбот и знамето
б) грбот, знамето и химната
в) градоначалникот и советот на општината
9. Органи на општината се:
а) Општините,месните и урбаните заедници
б) Советот и градоначалникот
в) Градоначалникот, претседателот на советот и општинската администрација
10. Советот на општината, во делот на донесувањето на прописите, има улога како:
а) Собранието на Република Македонија
б) Владата на Република Македонија
в) советодавно тело за работата на Градоначалникот
11. Колку трае мандатот на членовите на Советот на општината?
а) 5 години
б) 2 години
в) 4 години
12. Кој основа јавни служби во рамките на надлежноста на општините и врши надзор над нивната работа?
а) Градоначалникот на општината;
б) Советот на општината;
в) Министерот за локална самоуправа;
13. Седниците на советот се свикуваат по потреба, но ...
а) најмалку еднаш на три месеци
б) најмалку еднаш месечно
в) најмалку еднаш седмично
14. Доколку се распушти Советот на општината, до изборот на нов совет, работите на советот ги врши?
а) овластен член на Советот
б) никој не ги извршува работите, до изборот на нов Совет
в) градоначалникот на општината, без право на донесување на прописи кои се во надлежност на Советот
15. Вработените во општинската администрација кои вршат стручни, нормативно - правни, извршни, управно - надзорни работи и кои решаваат во управните работи имаат статус :
а) на административни службеници и за нив важат одредбите од Законот за административни службеници
б) на посебни службеници и за нив важат одредбите од Законот за општини
в) на вработени во општинската администрација за кои важат прописите и правните акти што ги донесува Советот на општината
16. Од колку членови е составен советот на Градот Скопје?
а) 45 членови
б) 22 члена
в) 33 членови
17. Кој има право да биде избран за член на советот и за градоначалник на Град Скопје?
а) претставник на политичките партии
б) жител на градот Скопје
в) избран кандидат од политичките партии
18. Меѓуопштинска соработка се воспоставува заради...
а) остварување на заеднички интереси и цели
б) заедничко вршење работи од надлежност на општините, вршење на заеднички работи и остварување на заеднички интереси и цели
в) вршење на заеднички работи
19. За остварување на заеднички интереси и цели во вршењето на надлежностите, општините здружуваат...
а) материјални средства
б) финансиски, материјални и други средства
в) финансиски средства
20. Предлогот, односно иницијативата за воспоставување на меѓуопштинска соработка се доставува до...
а) Град Скопје
б) Градоначалникот на општината
в) Советот на општината
21. Советот на општината или општините до кои е доставен предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка, одлучува за нејзино воспоставување најдоцна во рок од...
а) 30 дена од денот на доставување на предлогот
б) 90 дена од денот на доставување на предлогот
в) 60 дена од денот на доставување на предлогот
22. За остварување на меѓуопштинска соработка може да се формира...
а) заедничко работно тело и комисија
б) заедничко работно тело и комисија и заедничко административно тело
в) заедничко административно тело
23. Кои се заеднички јавни служби со кои се остварува меѓуопштинската соработка?
а) заедничко јавно претпријатие и заедничка јавна установа
б) заедничко јавно претпријатие и совет за соработка
в) заедничка јавна установа и надзорен одбор на меѓуопштинска соработка
24. Меѓусебните права и обврски на општините коишто формирале заедничко административно тело се уредуваат со договор кој го потпишуваат…
а) Градоначалниците и советите на општините кои формирале заедничко административно тело
а) Градоначалниците и советите на општините кои формирале заедничко административно тело
в) Советите на општините кои формирале заедничко административно тело
25. Заедничкото административно тело може да се формира како...
а) заеднички сектор
б) заеднички сектор, заедничко одделение или заедничка проектна единица
в) заедничко одделение
26. Раководителот на заедничкото административно тело за својата работа и за работата на заедничкото административно тело поднесува извештај до градоначалниците и советите на општините на секои...
а) 12 месеци
б) 6 месеци
в) 3 месеци
27. Доколку општините не се договорат поинаку, седиштето на заедничкото административно тело е во седиштето на...
а) Советот на општината со најголем број на жители
б) Општината со најголем број на жители
в) Општината која има најмалку жители
28. Заедничкото јавно претпријатие актите за кои општините, основачи на заедничкото јавно претпријатие даваат согласност, ги доставува до...
а) Советот на општината со најголем број на жители
б) Советите на општините
в) Градоначалниците на општините
29. За здружување на финансиски, материјални и други средства помеѓу општините се склучува договор кој го склучуваат...
а) Советите на општините кои имаат најголем број на жители
б) Градоначалниците на општините кои здружуваат финансиски, материјални и други средства
в) Советите на општините кои здружуваат финансиски и други средства
30. Освен локални даноци, локални такси и локални надоместоци, приходи од сопственост на општината кои претставуваат сопствени извори на приходи, кои други приходи спаѓаат во оваа група?
а) самопридонес и донации
б) самопридонес, парични казни, донации и други приходи со закон
в) донации и парични казни
31. Буџетот на општината е годишен план за финансирање на надлежностите на општината, кој се состои од годишна процена на:
а) расходите по намени
б) приходите по извори
в) приходите по извори и расходите по намени
32. Согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, дотација е трансфер од...
а) Буџетите на фондовите до буџетот на општината
б) Буџетот на Република Македонија до буџетот на општината
в) Буџетот на Република Македонија и буџетите на фондовите до буџетот на општината
33. Согласно дефинициите во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, какви видови на дотација постојат?
а) наменска, капитална и дотација за делегирана надлежност
б) наменска, капитална, блок и дотација за делегирана надлежност
в) наменска, капитална и блок дотација
34. Колку единици на локалната самоуправа постојат во Република Македонија?
а) 85 и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа
б) 80 и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа
в) 80 единици на локалната самоуправа
35. Надлежностите на Градот Скопје се уредени со:
а) Закон за локалната самоуправа
б) Закон за Град Скопје и Закон за локалната самоуправа, доколку поинаку не е уредено со Законот за Град Скопје
в) Закон за Град Скопје
36. На кој начин граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа?
а) непосредно и преку претставници на органите на општината
б) преку месните заедници
в) непосредно и преку пратеници избрани од локалното население
37. Вршењето на надлежностите на општината е уредено со:
а) Статут на општината
б) Деловник за работа на општината
в) Правилник за вршење на надлежностите на општината
38. Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината, се должни, без надомест, да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот
True
False
39. Кој го води регистарот на грбови и знамиња на општините во Република Македонија?
а) Министерството за локална самоуправа
б) Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС
в) Собранието на Република Македонија
40. Општините во Република Македонија се финансираат од сопствени извори на приходи, од дотации на државата и од други извори на приходи, во согласност со закон?
True
False
{"name":"Локална самоуправа 1-40", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"1. Членот на Советот на општината кој ќе го заменува Градоначалникот во случај на негова спреченост или отсуство, го определува:, 2. Единици на локална самоуправа се:, 3. Како се избираат членовите на советот на општините?","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
More Quizzes
Masculine or Feminine?
201024
Which AETHYR Character are you?
25120
Marwan's Quiz
1890
How well do you know Redzia
1167
იმულაცია ალერგოლოგია-კლინიკურ იმუნოლოგიაში
28140
Colonial America Quiz
5280
Liaison មួយណាដែលមិនមាននៅក្នុង molécule ATP ?
100
Disney movies (2000-2017)
840
Meko
6315
Test Your Cyclone Knowledge
7415
100
THE DRAG RACE QUOTE QUIZ!!!
11610