Локална самоуправа 41-80
41. Општината, во рамките определени со закон, ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на локалните надоместоци и такси
True
False
42. Општините во Република Македонија се финансираат од сопствени извори на приходи, од дотации и други извори на финансирање
True
False
43. Заради остварување на заедничките интереси и вршење на заеднички работи од надлежност на општините, општините можат меѓусебно да здружуваат средства, да формираат заеднички јавни служби или заеднички административни тела во одредени области, во согласност со закон
True
False
44. Кој води евиденција за остварената меѓународна соработка на општините?
а) Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа
б) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
в) Собранието на Република Македонија
45. При утврдување на подрачјето на општината се води сметка за природната географска и економска целина, за изградените инфраструктурни објекти и објекти од општествен стандард, како и за границите на катастарските општини
True
False
46. Со кој закон се уредува утврдувањето на подрачјето, имињата, седиштата и границите на општините и постапката за основање општини?
а) со Закон за територијална организација на локалната самоуправана Република Македонија
б) со Закон за локална самоуправа
в) со Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа
47. Општините, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт
True
False
48. Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење и се одговорни за нивното вршење. Овие надлежности...
а) може да бидат одземени или ограничени
б) не смеат да бидат одземени или ограничени, освен во случаи утврдени со закон
в) се целосни и исклучиви и не смеат да бидат одземени или ограничени, освен во случаите утврдени со закон
49. При делегирање на надлежност од страна на орган на државна управа, на општината се пренесуваат и финансиски средства од буџетот на Република Македонија предвидени за извршување на тие работи, но начинот на извршување на работите ги утврдува општината, при што таа може да се приспособи на локалните услови, со почитување на стандардите утврдени со закон
а) да
б) не
50. Освен по пат на основање на јавни служби, дали постои и друг начин според кој општината може да ги извршува своите надлежности?
а) да, преку делегирање на работите на одредени работи од јавен интерес од локално значење на други правни и физички лица, врз основа на договор за извршување на работи од јавен интерес, во согласност со закон
б) не, надлежностите може да ги извршува единствено самостојно и без можност за делегирање
51. Општината е супсидијарно одговорна за извршување на работите од јавен интерес од страна на јавните служби и ангажираните правни и физички лица
True
False
52. Кои од наведените облици на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на општините ги предвидува Законот за локалната самоуправа?
а) граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум, претставки и предлози, јавни трибини, анкети и предлози
б) граѓанска иницијатива и референдум
в) граѓанска иницијатива, референдум, претставки и предлози
53. Граѓанска иницијатива може да се предложи за расправа на Советот, ако предлогот е поддржан од...
а) најмалку 10 % од избирачите на општината
б) најмалку 20 % од избирачите на општината
в) најмалку 30 % од избирачите на општината
54. Граѓанска иницијатива може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања
True
False
55. Советот е должен да распише референдум за прашања од надлежност на општината и други прашања од локално значење, доколку предлогот е поддржан од...
а) најмалку 10 % од избирачите на општината
б) најмалку 20 % од избирачите на општината
в) најмалку 30 % од избирачите на општината
56. Одлуката донесена на референдум е задолжителна за Советот на општината
True
False
57. Кој врши избор на директори на јавните служби кои ги основала општината?
а) Градоначалникот
б) Советот на општината
в) Општинската администрација
58. Донесување и усвојување на буџетот и годишната сметка на општината е во надлежност на Советот на општината
а) да
б) не
59. Основање на јавни служби и именување на членови во нивните управни одбори е во надлежност на ...
а) Градоначалникот
б) Советот на општината
в) Општинската администрација
60. Седниците на Советот ги свикува претседателот на Советот на сопствена иницијатива и на барање на:
а) Градоначалникот и на барање на најмалку ¼ од членовите на Советот
б) Градоначалникот и на барање на граѓани
в) Градоначалникот и на барање на најмалку ½ од членовите на Советот
61. Советот на општината одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, освен ако со закон и со статут поинаку не е определено. За кои прашања е потребно и мнозинство од присутните членови кои припаѓаат на немнозинските заедници?
а) за прописи од областа на културата, за прашања сврзани со употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат најмалку 20% од граѓаните во општината и при утврдување и употребата на грбот и знамето на општината
б) за прописи од областа на културата, употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат најмалку 20% од граѓаните во општината и при именување на членови на управни одбори
в) при утврдување и донесување на буџетот на општината
62. Седниците на Советот на општината се јавни. Советот може со 2/3 мнозинство да одлучи за исклучување на присуството на јавноста, освен при расправа за...
а) буџетот на општината, годишната сметка на буџетот на општината и урбанистичките планови
б) избор на лице кое ќе ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината
в) избор на директори и именување на членови на управни одбори
63. Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите во кои е член
True
False
64. Надлежноста да ја претставува и застапува општината припаѓа на...
а) Градоначалникот на општината
б) Советот на општината
в) Претседателот на советот на општината
65. Кој ја контролира законитоста на прописите на Советот на општината ?
а) Градоначалникот на општината
б) Претседателот на Советот на општината
в) Раководителот на одделението за внатрешна ревизија
66. Во општините каде најмалку 20% од населението се припадници на одредена заедница, се формира Комисија за односи меѓу заедниците. Која е нејзината функција?
а) да ги разгледува прашањата за односите меѓу заедниците и да дава мислења и предлози за решавање на проблемите меѓу заедниците
б) да дава мислења за вработување на припадниците на заедниците
в) да дава мислења за назначување на членови на управни одбори од редот на припадниците на заедниците
67. Општинската администрација е задолжена за подготовка на актите за Советот на општината и Градоначалникот, за подготовка на седниците на советот и на неговите постојани и повремени комисии
а) да
б) не
68. На кој начин се формираат или укинуваат заедничките административни тела меѓу општините?
а) врз основа на одлука донесена со мнозинство гласови од вкупниот број членови на секој од советите на општините
б) врз основа на меморандум за соработка потпишан од секој од градоначалниците
в) врз основа на меморандум за соработка потпишан од секој од претседателите на советите на општините
69. Каде и во кој рок се објавуваат прописите што ги носи Советот на општината?
а) во Службениот гласник на општината во рок од 7 дена од денот на нивното донесување
б) во „Службен весник на Република Македонија“ во рок од 7 дена од денот на нивното донесување
в) во Службен гласник на општината во рок од 10 дена од денот на нивното донесување
70. За решавање на поединечни права, обврски и интереси на физичките и правните лица, градоначалникот донесува:
а) решенија
б) одлуки
в) заклучоци
71. Општината има право на сопственост на ствари, парични средства и права, чија вредност се искажува при:
а) изготвување на годишната сметка
б) изготвување на буџетот на општината
в) изготвување на четиригодишниот буџетски план
72. Јавните служби основани од општината се сопственост на:
а) општината која ги основала
б) Владата на Република Македонија
в) граѓаните на општината
73. За што може да се користат финансиските средства добиени од продажба на стварите во сопственост на општината?
а) за стекнување на нови или реконструкција на постојните ствари во сопственост на општината
б) за вработување на нови или обука на постојните вработени во општината
в) за доделување на субвенции за поттикнување на локалниот економски развој
74. Советот на општината се распушта ако повторно го донесе прописот што претходно бил поништен или укинат од Уставен суд на Република Македонија
а) да
б) не
75. Советот на општината се распушта ако донесе одлука со која се загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија
а) да
б) не
76. Советот на општината се распушта ако не се состане за период подолг од шест месеци и ако не го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година
а) да
б) не
77. До изборот на нов совет на општината, кој ги врши работите на Советот?
а) Градоначалникот на општината
б) Претседателот на советот на општината
в) Секретарот на општината
78. Владата може да склучува договори за соработка со една или повеќе општини во области од заемен интерес, за што го информира:
а) Собранието на Република Македонија
б) Заедницата на единиците на локалната самоуправа
в) Министерството за локална самоуправа
79. Заедницата на единиците на локалната самоуправа има право да остварува соработка со сродни организации од други земји и да ја претставува Република Македонија во меѓународни организации на локалната власт
True
False
80. Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа, и тоа:
а) урбани и месни заедници
б) урбани и рурални заедници
в) урбани, рурални и месни заедници
{"name":"Локална самоуправа 41-80", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"41. Општината, во рамките определени со закон, ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на локалните надоместоци и такси, 42. Општините во Република Македонија се финансираат од сопствени извори на приходи, од дотации и други извори на финансирање, 43. Заради остварување на заедничките интереси и вршење на заеднички работи од надлежност на општините, општините можат меѓусебно да здружуваат средства, да формираат заеднички јавни служби или заеднички административни тела во одредени области, во согласност со закон","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
More Quizzes
(Easy) NBA live mobile energy hack
100
General Knowledge Quiz
5226
Which Tea Sis Member Are You?
6319
Test Yowego
100
Quanto ti adora Yami? :D
13616
Test Your Knowledge on Maratha and Sikh History
20100
STD VIII - English (II)
1360
Pharmacologie Doung Dararith 2017 DCEM3B
11960192
Lllll
100
Do you know me?
10517
Answer the following questions and know which of two English Proficiency Tests such as IBT TOEFL and Academic IELTS best matches you.
15822
Lexical Relations
1050